
Фудбалските прволигаши утре,сабота ќе ги одиграат натпреварите од 5 коло во кое на „градски“ во Штип ќе гостува лидерот на табелата Академија Пандев од Струмица. Веќе се делегирани и официјалните лица за овие натпревари, во Штип главен судија ќе биде Александар Ставрев на кого ќе му помагаат Дејан Костадинов, Гоце Петрески и како четврти судија ќе биде Марјан Младеновски. За Контролор е делегиран Димитар Мечкаровски од Скопје а Делегат ќе биде Зоран Гелов од Кавадарци. Еве ги комплетните парови за ова 5 коло
1. Брегалница – А. Пандев
2. Тиквеш – Струга ТЛ
3. Ренова – Работнички
4. Македонија ЃП – Борец
5. Пелистер – Шкендија
6. Шкупи – Скопје
Сите натпревари ќе се одиграат утре, сабота 28 август 2021 г. со почеток 16.00 часот.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk