Фудбалскиот клуб Брегалница со „најтежок“ ваучер на Истокот

Агенцијата за млади и спорт на својата страна го објави списокот на сите спортски екипи и правни субјекти во Македонија кои добиваат ваучери за 2021 година. Нашиот интерес и секако љубителите на спортот на истокот ќе ги интересира податокот за добиените ваучери пред се на фудбалските екипи. Денешниот напис е концентриран на фудбалските ваучери а во понатамошните написи ќе информираме и за ваучерите на преостанатите спортски екипи на истокот. Со најголема „тежина“ е ваучерот на ФК Брегалница од Штип која е „рангирана“ највисоко со ваучер во вредност од 2.700.000 денари. Следуваат екипите на Тиквеш и на Кожув со по 2.400.000 денари, Осогово со ваучер во вредност од 1.700.000 д., Победа со 1.600.000, Каменица Саса со ваучер од 1.500.000 д., Кит Го Пехчево со 1.100.000 д., Плачковица со 900.000 д. Слога со 700.000 д и Росоман со ваучер од 350.000 денари. Сите овие екипи настапуваат во Втората Македонска фудбалска лига група Исток. Во следните денови спортската редакција на Mnet.mk ќе ги објави добитниците на ваучери на останатите спортски екипи во преостанатите спортски гранки а кои фигурираат на истокот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk