
Во соработка на Општина Виница со Министерството за труд и социјална политика и Европската унија, се работи на проекти за подобрување на животот на ромаската заедница во Општина Виница. Се реконструираат и градат нови куќи во блок 18, а се преземаат и дополнителни активности за урбанизација на овој дел од општината.
„Во овој проект се предвидени реконструкција на 22 куќи, во моментот се целосно опфатени, изградени и реконструирани 9 куќи, останатите продолжуваме да ги решаваме до крајот на годината.„ – истакна градоначалникот на Виница, Димитров.
Министерството за труд и соццијална политика посветено работи на политики и активности кои треба да ги решат проблемите на најранливите категории граѓани.
„Проектот вклучува неколку компоненти. Прво, легализација на дивоградбите, нелегално изградени домови на ромското население во Општина Виница. Предвидено е да се легализираат 265 куќи, Втората компонента на овој проект преставува реконструкција и подобрување на условите за живот во 22 куќи во Општина Виница“ – кажа во посетата на Виница, Министерката за труд и социјална политика, Шахпаска.
Составен дел на овој проект е и поплоената улица со бекатон плочки до блок 18 во Општина Виница, која е завршена, поставените соларни улични светилки, како и поставувањето на контејнери за собирање отпад. Министерството за труд и социјална политика продолжува со посветена работа, бидејќи како што истакна Шахпаска ваежн е секој граѓанин.
Лаура Стојанова М-Нет