Фудбалска школа „Форца“ од Штип слави три годишен јубилеј од формирањето.

Веќе трета година на фудбалската мапа на Македонија битисува фудбалска школа на Форца во Штип. Спортскиот педагог и тренер Мирко Јакимовски  се обидува и успева да ги собере сите оние дечиња на возраст од 5 до 12 години кои ја милуваат фудбалската игра и да зачекорат по зелениот тревнат терен. Тренинзите ги одвиваат во спортскиот центар Автокоманда во Штип во услови кога времето тоа им го дозволува а во студениот периот тие тренират во спортската сала на некогашната пинг понг сала за што благодарност упатуваат кон фамилијата Патраклиеви.

Иако денес славеници тие одработија заеднички тренинг кој на крајот беше зачинет со роденденска торта. Па нека им е среќен јубилејот со надеж конечно да се вратат на првенствените фудбалски патеки и во присуство на своите љубители.

Драги Герасимов – Пушка, МНет