Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години со два порази на контролките со Турција

Репрезентацијата на Македонија до 17 години забележа два порази на контролните натпревари со Турција, кои беа одиграни на гостински терен.

Младите фудбалски надежи на селекторот Влатко Колев загубија со 1:0 на првиот тест, а стрелец на победничкиот гол за турската репрезентација беше Хусеин Шен, кој погоди во 30. минута. Сепак, македонската репрезентација имаше свои моменти и шанси, но не успеа да ги реализира шансите кои беа создадени во вториот дел. Најголемата шанса беше на Јаков Стојковски, а пак во вториот дел имаат прилики и Папалиски и Џангаровски, но без реализација.

Вториот контролен меч нашата репрезенација го загуби со 2:1. Емин Ерен Сајар во 41. минута погоди за водство на Турција од 1:0 на полувреме. Во вториот дел нашата репрезентација стигна до 1:1 со голот на Јаков Стојковски во 55. минута од средбата, откако претходно во првиот дел имаше одлична шанса Марко Иванов.

Во финишот од мечот Јагиз Фикри Шен погоди за конечни 2:1 и триумф на репрезентацијата на Турција.

Овие два контролни натпревари беа реална можност за селекторот Влатко Колев да ја виде сликата за репрезентацијата и притоа да ја провери формата на младите репрезентативци.

Александар Ванев, М-Нет