
Екипата на Кочани со пораз ја затвори 2025 година, откако фудбалерките го загубија дербито од долниот дел на табелата со Вардар со резутат од 1:2 пред својата публика.
Овој резултат го остава Кочани на дното од табелата со четири бодови и тешка пролет кога е во прашање борбата за опстанок во елитата. Кочани е повратник во елитата, но не успеа да се прилагоди по влезот во елитата, со млади фудбалери и неколку искусни засилувања Кочани забележа само една победа, едно реми и дури 12 порази, а притоа ја имаше и најлошата одбрана која примила дури 67 гола.
Вардар освои три важни бодови со директниот конкурент и со тоа направи сериозен чекор напред во трката за директен опстанок.
Ќе треба многу работи да се менуваат, поправаат, но ќе треба и соодвени квалитетни засилување ако сака тимот на Кочани да избори директен опстанок. Во есенскиот дел се одиграа 14 кола, а Кочани останува на дното од табелата со четири бодови, колку што има и Топ Гол кој е место погоре или во бараж зоната за опстанок.
Во однос на самата табелата Скопје е лидер односно есенски шампион со 39 бодови, втор е Љуботен – бранителот на титулата има 37 бодови, трета е Тиверија Брера со 27 бодови, Истатов и Ас Јунајтед го делат четвртото место со по 26 бодови, а пак Саса заврши на шестата позиција со 24 бодови.
Речица е седма со десет бодови, Вардар е осми со осум бодови, Топ Гол е во бараж зоната како деветти со четири бодови, а на дното во зоната за директно испаѓање е Кочани со четири бодови.
Александар Ванев, М-Нет