
Од утре жителите од Општина Карбинци со свои идеи, предлози и проблеми ќе може да учествуваат во креирањето на Буџетот за наредната 2026 година. Сите оние кои имаат предлог, или проблем кој би требало да биде решен можат да го достават до општината, за потоа да се разгледа и да биде во приоритетните проеткти за реализација наредната 2026 година.
„Ги повикуваме граѓаните, вратата на општината ќе биде отворена за секој еден кој има идеа, прелог да го предложи и заеднички да го креираме Буџетот за следната 2026 година. Очекувам во следниот период имаме посета од страна на жители коишто ќе имаат одредена идеја, предлог, но и проблем којшто ние не го знаеме да можеме да го решиме“ – вели Паунов.
Првично Основниот Буџет во Општина Карбинци изнесува некаде околу 70 милиони денари со можности за негова промена наредниот период. Освен идеите кои ќе бидат предложени од страна на граѓаните за реализација ќе бидат и проектите од предизборната кампања на Паунов.
„Оној основен Буџет во овој момент изнесува некаде околу 70 милиони денари. Ова е неофицијално затоа што сѐ уште ќе се прават пресметките за се она што би било потпишано и ќе биде во тек на реализација“ – додава Паунов.
Општинските врати се отворени секој работен ден во периодот од 7:30 до 15:30 часот, а во истото работно време општината ќе биде отворена и претстојниот викенд.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет