
Мал Ајакс го впиша петиот пораз во низа од толку натпревари и останува на дното од табелата без ниту еден освоен бод, откако штипјани во рамки на 5. коло на Првата футсал лига загубија на гостувањето кај Клими во кавадарци со резултат од 4:0.
Сите четири погодоци беа постигнати на почетокот од мечот, а потоа Клими играше без воопшто да има мака низ самиот терен и ги освои трите бодови.
Шампионот Форца воопшто не виде мака и со убедливи 1:6 го декласираше тимот на Бутел во гости, па тимот од Куманово запиша нов три бодови.
Дербито во Гевгелија помина со доминација на домаќинот Проект кој со 6:3 го доби Кеги Моби, а мечот го одбележа петте гола на Марио Благојевски.
Шкупи ја загуби скопската пресметка со дебитантот Балкан откако загуби со 6:8.
Колото ќе се комплетира во среда со мечот меѓу Осогово и Јувенту Серава, а в среда исто така ќе се одигра и одложениот меч меѓу Проект и шампионот Форца, тоа ќе биде дерби пресметка каде трите бодови се силен императив. Форца ја брани двојната круна, а пак Проект сака да го симне тимот од Куманово од шампионскиот трон.
Александар Ванев, М-Нет