
Фудбалерката Ана Димитровска од Делчево која од 2017 година го носи дресот на ЖФК Каменица Саса е убедливо најдобар стрелец во Првата женска фудбалска лига со постигнати фантастични 35 постигнати погодоци.
31-годишната фудбалерка ја носи капитенската лента на тимот од Македонска Каменица, имаше одлична сезона зад себе, а важи постојано за една од подобрите стрелци во Првата лига.
Претходно, Димитровска настапуваше за екипата на Младост Иднина.
Што се однесува до самата листа на најдобри стрелци на второто место е Радица Чонева, фудбалерката на Истатов зад себе има 23 погодоци, на третото место е Рабија Дервиши, која за шампионот Скопје постигна 20 погодоци.
Со по 17 погодоци следуваат Меланија Грозданова од Љуботен и Емили Митковска од Скопје, а по 16 погодоци имаат фудбалерките на Љуботен, Улза Максути и Елена Симјанова.
Во сезоната која заврши 15 погодоци имаше Розита Пецева за Тиверија Брера, а пак по 13 гола постигнаа Теона Галабовска од Тиверија Брера и Хава Мустафа од Љуботен.
Во неславната листа на стрелци со автоголови се запишаа десет фудбалерки.
Александар Ванев, М-Нет