Франција го декласираше Катар на Вујовиќ на СП, македонската „фалангата“ се загрева со пиво – одиме на соочување со Унгарија!

Вчера започна 29 издание од Светското првенство во ракомет, кое беше отворено со четири натпревари.

Италија по скоро две децении се врати на Мундијалите и веднаш со триумф го отвори Светското првенство, откако со 32:25 го декласираше Тунис, додека пак Франција со 37:19 го декласираше Катар, кој е предводен од Веселин Вујовиќ, црногорецот кој во минатото јаводеше и македонската репрезентација, а беше дел и од Вардар.

Австрија со 37:26 не виде мака протиф Кувајт, а пак фаворитот за освојување на Мундијалот, Данска, со 47:22 го декласираше Алжир.

Македонската „фаланта“ веќе се мобилизира Македонија денес оди на соочување со Унгарија, а македонските навивачи ќе даваат силна поддршка.

Македонските навивачи одредија и место каде ќе се собираат, загреваат со пиво и од каде заедно ќе се упатуваат кон „Вараждин арена“ каде Македонија ќе ги одигра натпреварите.

Како што е познато Македонија е во групата Д заедно со Унгарија со која вечерва ќе се соочиме, со Холандија со која играме во петок и со Гвинеја со која ќе се соочи во недела.

Гвинеја е малку позната репрезентација за македонската јавноста, тоа е репрезенција која за првпат ќе настапи на Светските првенства и практично ќе биде дебитант. Македонија против Гвинеја ќе настапи како голем фаворит, против репрезентација која во Африканскиот шампионат бележи успеси, откако во 1981 година заврши на осмото место, потоа одново настапи во 2022 година каде беше 10-то пласирана, во 2022 година беше шестта, а во 2024 година испиша историја откако заврш на петтото место што значи дека Гвинеја има одличен прогрес во ракометот како спорт.

Александар Ванев, М-Нет