
Втората лига од коло во коло носи различни предизвици за екипите кои се борат за влез во Прва лига и за екипи кои се борат за опстанок, но го носи и предизвикот кој ќе биде најдобар стрелец за сезона 2026/2027.
По осум кола веќе се поставува и прашањето кој ќе успее да го стигне најдобриот стрелец кој веќе има солиден број на постигнати погодоци.
Антонио Каланоски, фудбалерот на Охрид веќе има девет постигнати погодоци и сериозно им бега на останатите фудбалери на врвот од листата на најдобри стрелци, бидејќи со по четири погодоци тројца фудбалери го делат второто место.
Се работи за Иван Ивановски од Пелистер, за Андреј Кудија од Работнички и за Владимир Жоглев од АП Брера Струмица.
Шест фудбалери постигнале по три гола – Хисар Али од Тетекс, Јован Бошнаков и Марко Стефановски од Работнички, Филип Димоски од екипата на Детонит Плачковица, Симеон Христов од Пелистер и Игор Ристов од тимот на АП Брера Струмица.
Дури 17 фудбалери постигнале по два гола, а голем е бројот на фудбалери со по еден постигнат гол.
Александар Ванев, М-Нет