Матурантите од штипското музичко училиште завршија средно образование, гледаат ли иднина во државата?

И матурантите од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип денеска ставија крај на четиригодишното средно образование. Преку она што најдобро го знаат, со музика завршија еден од најубавите периоди во својот живот.

Од Штип, но и од останатите градови во државата велат дека овие четири години ќе ги паметат по учење, но и многу другарување, запознавање нови пријатели. Факултет или работа во идина се уште не одлучиле, но радува фактот дека добар дел од нив својот понатамошен живот и егзистениција од музиката го гледаат во државата.

„Јас сум од Гевгелија, завршивме музичко, отсек музичар изведувач, хармоника свирам. Овие четири годиини супер беше. Овиие четири години ќе ги паметам по пријателства. Во иднина факултет“ – вели Митров.

Музиката е лек за сите рани, а матурантите од штипскиото музичко училиште се сведоци за тоа. Музиката живее во нив и се надеваат дека во иднина ќе биде нивна професија за егзистениција.

Лаура Стојанова М-Нет