
Силекс ја одработува главната фаза од подготовките во Анталија, Турција, денес го одигра и првиот контролен натпревар и истиот го загуби со 1:2 од екипата на Ресовија Жешов.
За македонскиот прволигаш од Кратово единствен стрелец беше Марјан Ристовски.
Следен контролен тест за Силекс ќе биде за два дена односно веќе в понеделник против Сутјеска Никшиќ, екипа која е есенски првак во Првата црногорска лига.

