Пријави за замрзнати водомери во Штип нема, ЈП Исар со апел до граѓаните да се заштитат

Нема ниту една пријава од страна на граѓани до ЈП Исар, во изминатиот период за замрзнати цевки или водомери. И покрај ниските температури граѓаните во Штип соодветно ги заштитиле своите водомери велат од претпријатието. Но, додаваат дека потребно е заштитата да продолжи и во наредниот период бидејќи се најавуваат екстремно ниски температури, особено во вечерните и утрински часови. Истовремено, ако се појават некакви проблеми од претпријаието апелираат граѓаните да пријават во Инфо ценатрот кој постојано е достапен, и да не преземаат активности на своја рака.

„Поради ниските температури што се очекуваат во наредните неколку денови, можно е да настанат дефекти на главните водоводни линии, на самите стакла на водомерите, ама ова се случува онаму каде имаме незаштитени водомерни шахти. Затоа препорачувам граѓаните да ги заштита со соодветна изолација, а исто така ако дојде до дефект да пријават до Инфо центарот на ЈП Исар кое работи 24/7, да не преземаат на своја рака активности.“ – вели Горгијев.

Главните водоводни линии во град Штип се на соодветна длабочина потенцираат од ЈП Исар и затоа не се соочуваат со проблеми од замрзнување. Тоа значи дека нема да има проблеми со водоснабдувањето.

„Главните водоводни линии во Општина Штип се на соодветна длабочина, на 80 сантиметри, значи сѐ што е над 80 сантимерти доаѓа до замрзнување. Ако е соодветно поставена самата водоводна линија и мрежа нема да дојде до замрзнување“ – вели Горгијев.

Поголеми дефекти на вододни линии и замрзнување на водомери не беа регистрирани ниту минатата година овој период кога температурите беа екстремно ниски. Тоа значи дека граѓаните и фирмите се водат согласно праксата од претходната година и навреме се заштитиле од студеното време.

Лаура Стојанова М-Нет