ФОТО: Реми без голови во Виница, Детонит Плачковица до победа во Струмица, реми на Арсими и Борец

Второлигашите и дел од третолигашите продолжуваат со одигрување на пријателски натпревари. Во Виница третолигашот Слога одигра реми без голови против второлигашот Каменица Саса (0:0).

Резултатот е во втор план, а целта е воигрување на екипите и шанса и за сите играчи, со цел подигање на формата кај сите играчи.

Во Струмица на „Благој Истатов“ екипата на Детонит Плачковица со 1:2 славеше над Беласица, одново со два гола на Дамјан Масевски, а пак за Беласица гол даде повратникот Александар Коцев.

Реми со шест гола за 3:3 на Арсими и Борец. За екипата на Арсими стрелци беа Цуцули, новото засилување Таипи и Белули, а пак за Борец погодија Хајдари, Хасан и Ристовски.

Александар Ванев, М-Нет