
Некогашниот македонски репрезентативец Влатко Стојановски е ново засилување за прволигашот Беса од Добри Дол.
Тој во Беса доаѓа од редовите Работнички, а дресот на Беса ќе го носи во пролетниот дел од сезоната, каде тимот на Беса предводен од искусниот стратег Горазд Михаилов ќе има за цел да избори опстанок во Првата македонска лига.
27-годишниот Стојановски има големо прволигашко, но и странско засилување, настапувајќи за неколку екипи во хрватскиот шампионат, како и за неколку екипи од Франција, како и за бугарскиот тим Септември Софија.
Пролетниот дел Беса го отвара против Воска Спорт во Охрид, тоа ќе биде дерби од долниот дел на табелата на две екипи кои ќе водат сериозна борба за опстанок.
Александар Ванев, М-Нет