ФОТО: Брегалница со успешна “генералка” против Беласица

Брегалница денес ја одигра “генералката” против струмичкиот второлигаш Беласица, и истата ја доби со 3:1.

Убедливо издание на штипските “сини” на „генералката“ пред продолжението на шампионатот.

Брегалница стигна до триумф со погодоцитр на Додев, Димитриевски и Ѓорѓиев, а за Беласица погоди Амедов.

Брегалница пролетниот дел го стартува дома против Скопје, а Беласица во ВМФЛ стартува на домашен терен против Детонит Плачковица.