Форца е есенски шампион во Првата футсал лига, на дното заврши Бутел!

ФОТО: Телевизија М Нет

Со девет одиграни кола заврши есенската полусезона од Првата футсал лига на Македонија, актуелниот шампион Форца одигра според планот и е есенски шампион откако забележа максимални девет победи и со тоа е на врвот од табелата со 27 освоени бодови.

Одлична есен за Форца која сезоната ја брани двојната титула, во првенството оди според планот со најефикасен напад кој постигнал 68 погодоци и трета најдобра одбрана која примила 25 погодоци.

На второто место заврши Шкупи со 21 освоен бод и учинок од седум победи и два порази, а тимот на Шкупи ја има најдобрата одбрана која примила само 16 погодоци. На третото место ова есен заврши повратникот Проект кој има шест победи, едно реми и два порази и 19 бодови на своето конто.

Екипата на Осогово заврши на 4. место на табелата и има 16 бодови на своето конто, додека пак на 5. место е Клими со 11 бодови. Железарец есенскиот дел го заврши на шесттото место со девет бодови, Кеги Моби е седми со осум бодови, а пак Јувентус Серава ќе презими на осмото мето со седум бодови. На претпоследното место е Црна Река со пет бодови, а на дното заврши Бутел со три бодови.

Александар Ванев, М-Нет