Формирањето на новите министерства носи надеж за штипјани на подобро

Лидерот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски а во едно и актуелен пратеник ги има поднесено измените за Законот за организација на работата на органите на државната управа за да се изгласа новата реорганизирана влада и да се изберат нејзините членови. Најавено е да се формираат нови министерства, одека некои од нив ќе се прошируваат Анкетираните штипјани за М-Нет телевизија едногласно кажаа дека промените се нужни и време е да се направат

„Ја мислам дека посвесно и поработливо ќе биде од овие апашите, крадците, лопови. Ја сум во години човек не сакам никој и од тие сум погоден и од тие, остана со 3000 денара 43 години. Нека има спорт ја беше по борењето, одеше малку убаво. Подобро да биде.“

„Промени, на подобро очекувам ќе се залага за народо, ќе мисле за народо како живее, шо живее да се подобре ситуацијата на обичнио човек, да има поголеми пензии, поголеми платички за народо слободно да се осеќа нормално да се осеќа, лебче. Посебно за спорто за културата сите работи да се терат.“

Сите се надеваат на подобро бидејќи тоа е последната надеж за работите да тргнат на подобро во државата, сметаат дека со форимирањето на министерставата ќе придонесат за подобар живот за сите, како и тоа министерите да работат транспаретно и во полза на граѓаните

„ Нормално сите треба да се надаме на подобро а како ќе биде подобро шо ќе биде подобро не знаеме. Па да се нешто реорганизира да се поправе за младите за вас нешто да име перспектива да не ни бегате“

„Очекуваме подобро нели за сите, за вас младите поготово.“

Мицкоски посочи дека законот ќе се носи по скратена постапка и се очекува да биде изгласан во понеделник или вторник. За законот да стапи во сила потребно е свотретинско мнозинство. Седницата за измените на Законот е планирана да се одржи во петок на 7 јуни.

Лаура Стојанова, М-Нет