
Интезивно се работи на неколку проекти во штипската населба Долна Железничка. За првпат дваесетина домаќинства и десетина индустриски објекти ќе бидат поврзани на фекална канализација. Се работи на асфалтирање на неколку улици и краци, а асфалт ќе се постави и на улиците во местото викано Каленица.
„Во овој момент се врши ископ за поставување за поставување на фекалната канализациона мрежа која опфаќа повеќе од 20 домаќинства и повеќе ид десетина индустриски објекти кои никогаш досега не биле поврзани на фекална канализација. Дополнително се подготвуваат пристапни улици и краци за асфалтирање во населбата Каленица, а ќе се врши и единствената сервисна улица.“ – вели Јорданов.
Јорданов посочи дека жителите алармирале и на дополнителен проблем со сервисна улица преку која низ населбата се оди до магистралниот пат кој води до ТИР зоната. Со ова се загрозува нивната безбедност.
„Она што сакам да го споделам е дека се случува еден проблем кој го алармираат жителите, а тоа е влегувањето на патнички товарни возила низ населбата користејќи ја единствената улица за да се исклучат и директно да се поврзат на магистралниот пат кој води до ТИРЗ.“ – додава Јорданов.

Предвидено е да се постави знаковна сигнализација, еластична ограда со цел тешки товарни моторни возила да не се движат по оваа улица низ самата населба.
„За зголемување на безбедноста на сообраќајот на овој дел од населбата разговаравме и со преставик од ЈПДп. Предвидуваме поставување на еластична ограда, поставување на соодветна вертикална сигнализација за означивање на слепа улица и доколку се јави потреба ќе поставиме и сообраќаен знак со кој ќе ја ограничиме тонажата за движење на тешки товарни возила“ – вели Мијалкова-Судиќлиева.
Активностите на терен продолжуваат и наредниот период со цел населбата да добие поинаков изглед, но и да се гарантира безбедноста на жителите од Долна Железничка.
Лаура Стојанова М-Нет