ФК Новаци го претстави Лука Лисолајски како ново засилување

ФК Новаци продолжува со засилувањата во пресрет на новите предизвици. Денеска ФК Новаци официјално го потврди ангажманот на младиот фудбалер Лука Лисолајски, кој претставува ново засилување во редовите на клубот пред продолжението на сезоната. Лисолајски доаѓа во Новаци со солидно искуство од младинските категории, а има настапувано и во кадетската екипа на ФК Пелистер.

Во клубот веруваат дека неговиот развоен потенцијал, младоста и желбата за докажување ќе донесат свежина и дополнителна конкуренција во тимот. Стручниот штаб очекува Лисолајски брзо да се вклопи во системот на игра и да биде корисна опција во претстојните натпревари.

Со ова засилување, ФК Новаци уште еднаш ја потврдува својата ориентација кон млади и перспективни фудбалери, со јасна цел за стабилен напредок и позитивни резултати во натпреварувачката сезона.