Лазаров реагира – повикано ново крило за дуелот со Романија!

ФОТО: РФМ

Репрезентацијата на Македонија за утрешниот меч со Романија ќе има ново крило, откако селекторот Кирил Лазаров мораше да реагира и да прави промени по серијата повреди на двете леви крила Иван Џинов и Петар Атанасијевиќ.

Стручниот штаб одлучи да го повика Гоце Ојлески, капитенот на Охрид кој денес треба да пристигне во Хернинг, а кој е во одлична форма бидејќи беше во тренажен процес со Охрид и одигра неколку пријателски натпревари.

Македонија утре ќе игра против Романија во важен меч.

Александар Ванев, М-Нет