Штипскиот ултрамаратонец Тони Манев е подготвен за големиот предизвик – трката на Аплите од 250 километри

Штипскиот ултрамаратонец Тони Манев цел живот е посветен на спортот, а последните шест години активно со планинско трчање, откако претходно бил и успешен фудбалер. Како што вели за телевизија М Нет, желбата за овој спорт е да се сака планината и природата.

Манев претходно направи еден голем успех со тоа што настапи на трка со висинско качување во Словенија во должина од над 170 километри.

Пред штипскиот ултрамаратонец сега следува еден голем предизвик, трка на Алпите во должина од 250 килметри.

Трката на Алпите е закажана за 17. јули, а подготовките за истата веќе траат подолг период, а на оваа трка Манев очекува истата да ја заврши успешно.

Манев шест до седум месеци е фокусиран на оваа трка, вели дека нема да застане тука, по завршувањето на трката која е пред него, потоа ќе се фокусира на следни трки на кои ќе настапува додека се чувствува физички и психички добар за овие предизвици.

Александар Ванев, М-Нет