ФК „ Детонит“ со нова дерби победа се зацврсти на чело на третолигашката табела – Исток

Новата дерби победа во Радовиш на екипата на Детонит над Овче Поле од Свети Николе му донесе сигурна позиција на чело на третолигашкиот исток. Стрелци на головите за Детонит беа Дени Андонов и Златко Стојанов а за Овче Поле голот го постигна Бобан Атанасовски. Сега Детонит е прв со 41 бод пред второпласираниот тим на Хоризонт кој има 4 бодови помалку, односно 37. До неодамна водечката Брегалница од Делчево падна на третото место откако доживеа вистинска „хаварија“ во Турново примајќи дури 5 голови. Изненадување во ова 16 коло направи екипата на Карбинци која извојува сигурна победа против Тиверија во Струмица.Еве ги комплетните резултати од ова 16 коло:

  1. Детонит – Овче Поле 2:1
  2. Василево – Раклиш 2:2
  3. Хоризонт – Брегалница 5:1
  4. Чешиново – Спартмани 6:0
  5. Работник – Малеш 0:2
  6. Тиверија – Карбинци 0:3

Табела

  1. Детонит 41
  2. Хоризонт 37
  3. Брегалница 35
  4. Овче Поле 34
  5. Малеш 28
  6. Чешиново 24
  7. Тиверија 16
  8. Карбинци 16
  9. Спартмани 16
  10. Раклиш 15
  11. Работник 10
  12. Василево 5

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk