
Фудбалскиот клуб Башкими 1947 официјално го промовираше Анатолиј Петејчук како најново засилување во својот ростер за продолжението од сезоната. Иако млад по години, Петејчук зад себе веќе има значајно искуство од Првата македонска лига, каде настапуваше во дресовите на Вардар и Победа Прилеп.
Раководството и стручниот штаб на клубот се задоволни од прикажаното на новиот фудбалер, кој на пријателските натпревари одиграни во Медулин остави одличен впечаток со своите настапи, демонстрирајќи квалитет, дисциплина и голем потенцијал за напредок.
Во Башкими веруваат дека Петејчук ќе донесе дополнителна стабилност и свежина во тимот, а неговото искуство од елитното натпреварување ќе биде од значење во остварувањето на амбициите на клубот.
Од клубот му посакаа многу успех и среќа во зелено-црниот дрес, изразувајќи уверување дека тој брзо ќе се вклопи во новата средина и ќе даде значаен придонес за екипата.