Финиширани сметките на буџетот за првиот квартал на Општината за 2024 година

Вчера во просториите во Општина Штип се одджа седница за остварени приходи за буџетот за 2024 година. Беа опфатени износите на даноците на имот, данок на специфични услуги дозволи за дејност, неданочни приходи и судски административни такси.

„Данокот на доход е остварен во износ од прибилижно од 8 милиони денари, или процентна реализација 29. Даноците на имот се остварени од 38 милиони денари или процентна реализација 34. Даноците на специфични услуги се остварени во износ од 69 милиони денари или процентот на реализација 56. Кај таксите за користење или дозволи на дејност остварувањето е во износ од 27.000 денари или 3% од планираното. Неданочните приходи се остварени во износ од 4 милиони денари или процентна реализација 54.Под категоријата глоби судски аддминистративнси такси остварувањето е во износ од 497.000 денари.“ – вели Трендафилова.

Расходниот буџет на општината изнесува 292 милиони денари или 19% од планираното, додека во категоријата резерви и нефинирани расходи во првиот кварал расхооди не се реализирани

„На сметката за кредити во првиот квартал приходи не се остварени. Што се однесува со расходниот дел на буџетот на Општината, реализираните расходи на вкупниот буџет се во износ од 292 милиони денари, или 19% од планиранто. Реализираните расходи во основниот буџет се во износ од 134 милиони денари. Или 18% од планираното. И што се однесува до структурата на релизираните расходи во категоријата платни надоместоци реализацијата е во износ од 25 милиони денари, или 22% од планираното. Во категоријата резерври и нефинирани расходи, во првиор квартал не се реализрани расходи,. Кај категоријата стоки и услуги процентот на реализација е 27% или во апсолутен износ или прибилижно 37 милиони денари“ – додава Трендафилова.

Исто така и во категоријата социјални бенефиции има реализација од 3000 денари, односно 0.6 % од планираното. Во категоријата отплата на главници не се реализирани расходи во првиот квартал.

Лаура Стојанова, М-Нет