
Патриот 2016 од Делчево ќе биде организатор на завршиот турнир во М-18 женската кошаркарска лига, кој ќе се одигра на 1. и 2. јуни.
Ова е епилогот од состанокот на кој беше закажано јавното наддавање за добивање на организацискиот дел од собирот на најдобрите екипи во кадетска конкуренција. Согласно со претходно утврдениот календар, полуфиналните натпревари на кои ќе се средат екипите на Вардар и Пробаскет односно Бадел и домаќинот на турнирот, Патртиот 2016 ќе се играат на 1. јуни односно сабота.
Следниот ден односно недела на програмта ќе бидат натпреварите за третото место и големото финале по кое ќе биде познат шампионот во оваа категорија од младинските лиги, кој ќе добие и најголем дел од предивдената парична сума наменета за четири најдобри екипи во М-18 женската лига, која ја предвиде Македонската кошаркарска федерација.
Сите натпревари ќе се играат во салата „Методија Митевски – Брицо“ во Делчево.
Александар Ванев, М-Нет