
Екипата на Тол Гол од Битола останува во Првата женска фудбалска лига и за следната сезона, откако на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес со убедливи 6:0 го декласираше тимот на Вардар, кој останува во Втората лига.
Повеќе од јасно беше пресудно искуството кое го има Топ Гол како прволигаш, темпото на натпревари во однос на Вардар кој одигра далеку помал број на натпревари во Втората лига, но и квалитетот на лигите е исто така голем сегмент кој влијае врз ваквите разлики меѓу прволигашите и второлигаши.
Двојни стрелци на овој бараж меч беа Анастасиа Илиевска и Георгина Димитровска, а по еден гол постигнаа Ивана Милевска и Дарија Стојчевска. Голем хендикеп за Вардар беше директниот црвен картон на голманката Верица Колевска.
Вардар имаше успешна сезона, заврши на второто место во Втората лига, а во следната сезона ќе биде главен кандидат за влез во Првата лига.
Димитровсказа М Нет вели дека клубот останува со поставената цел, а тоа е да обезбеди учество во Првата лига веќе следната сезона.
Од Првата лига директно испадна прилепска Деспина, а од Втората лига учество во елитата обезбеди шампионот Атлетико од Битола кој е повратник, па со тоа следната година ќе има и Градско дерби во Битола меѓу Атлетико и Топ Гол.
Александар Ванев, М-Нет