
На мирен протест пред Фондот за здравство излегоа и штипските матични лекари. Денешниот протест беше бидејќи голем дел од матичните лекари биле казнети заради препишување на лекови над квотата. Како што посочуваат ако не препишуваат лекови тогаш ќе бидат хендикипирани и ќе останат без можност да ја вршат својата основна дејност.
„На ниво на цела држава се собираат матичните лекари да изразат поддршка за работата на Здружението на приватни лекари на Македонија и нивното раководство. Овојпат многу матични лекари беа казнети заради препишување лекови. Се препишувало лекови над квотата. Нас препишувањето на лекарства ни е дел од секојдневната пракса бидејќи пациентот кога дојде го прегледаме и пишуваме лекови. Ако тоа ни се одземе ние ќе бидеме хендикипирани и нема да можеме да си ја вршиме нашата основна цел.“ – Мешинкова.
Мирниот протест се одржа во знак на поддршка на матичните лекари, бидејќи како што посочуваат тоа може утре да се случи на секој матичен лекар.
„Ова е поддршка на сите матични лекари кои се казенти и имаат барање оваа квота да биде тргната како дел од обврската која ја има фондот за да можат поефикасно и подобро да работат.“ – додава Мешинкова.
Протестот на матичните лекари се организираше на ниво на цела држава, во точно предвиден период, точно напладне.
Лаура Стојанова М-Нет