
Новиот прволигаш ФК Башкими денеска официјално соопшти дека потпиша ново засилување на голманската позиција со Филип Купанов.
Купанов има настапувано за Брера Струмица, Тиквеш, Беласица и за младинските школи на Детонит јуниор и Брера.
Башкими деновиве се засили и со интернационалците Фарук Бихораќ, Мосавер Ахади и Исса Адекунле.
Тимот на Башкими заминува на подготовки во Банско Бугарија, каде ќе одигра пријателски натпревари пред почетокот на Првата лига.