
Кумановскиот прволигаш Башкими не застанува со засилувањата и денеска промовираше второ засилување на бековската позиција – Есмин Личина.
Личина доаѓа како слободен фудбалер, а има настапувано за Шкупи, Македонија Ѓорче Петров, Малишева, Вардар и Скопје.
Како што веќе објавивме, Башкими денеска се засили и со голманот Филип Купанов.