
Крајот на локаните избори 2021 година и славењето после нив според Министерот за здравство Венко Филипче, не се причината за зголемениот број новозаразени ковид пациенти кои се забележани во изминатиот период. Според него новозаразените се помлади лица, кои најверојатно не учествувале во собирите.
„Во однос на изборите сметам дека не беа ризик и доказ за тоа е дека еве имаме зголемување кај помладите возрасни категории. Тоа се деца кои не учествувале никако практично во тие собири во кампања, така да сметам дека како и многу пати до сега многу тепко може да се индетификува вистинската причина за нов порас на случаите“ – кажа Филипче.
Според Филипче не е точно и дека политичарите не ги почитуваат ковид мерките и протоколите за заштита од ковид 19.
А последните анализи покажуваат дека бројот на ковид случаи во последните две недели се зголемува и е зголемен за околу 25%, а расте и Р0 факторот на преносливост од 1,05 на 1,14 со што се менува и релативно стабилната ковид ситуација во државата.
Крајот на оваа недела или почетокот на наредната ќе биде позната и мутацијата на вирусот која сега е пристутна, најави Филипче.
Лаура Стојанова М-Нет