Физичка пресметка помеѓу три лица пред продавница во Карбинци

На 04.04.2022 во 14.46 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 14.45 часот пред продавница во Карбинци, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ѓ.М.(62) од Карбинци и Д.Ј.(23) и Д.М.(30), двајцата од Кочани.  По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.