„Фајзер“ во тренд уште од почетокот на вакцинацијата, веднаш по неа е „Синовак“

По број на имунизирани граѓани, во предност оние кои ја примиле вакцината „Фајзер“. Трендот на истата не опадна уште од почетокот на процесот на вакцинација. Па и денес кога се вакцинирани на 30 илјади граѓани, кај повеќето од нив е аплицирано од истата вакцина.

Во однос на заинтересираноста и текот на процесот на вакцинација, координаторката за вакцинација во Штип, Дијана Коцева – Миланова, истакна дека се на исто ниво како и претходните барем две недели. За трета доза, пак, сè уште најголем интерес покажуваат здравствените работници.

Согласно информациите од Министерството за здравство, барем една доза вакцина примиле 797.988 граѓани. На дневно ниво, главно, се вакцинираат помеѓу 2 и 3 илјади граѓани од кои прва доза примаат најмногу до илјада. Од полнолетното население, една доза вакцина имаат примено 47%, додека со две дози се вакцинирани 45%. Од вкупниот број население, пак, две дози вакцина примиле 35%, една доза е аплицирано кај 38%. Кај постарото население од 40 години апликација на две дози вакцина има кај 53%. Трета доза вакцина досега примиле нешто повеќе од илјада граѓани.

Ребека Спасова МНет