Фаворите БВК Коњаре и Башкими според планот, Куманово со висока победа, Риниа слави над Фортуна во меч со СЕДУМ погодоци

Денес беше комплетирано 22. коло од Трета лига – Север, откако истото вчера беше отворено со два натпревари.

Вчера, БВК Коњаре со 3:1 славеше над Башкими Љуботен на домашен терен. Резултатот на полувреме беше 1:1, откако најпрво гостите со гол на Мустафа Јусуфи први го отворија резултатот, а пак Фикрет Љиварека израмни на 1:1.

Во вториот дел Адем Аџами направи пресврт на 2:1 за БВК Коњаре, а Гезим Бакиевски погоди за конечни 3:1 во 81. минута.

Петровец на домашен терен со.2 беше подобар во дуелот со Аеродром, во меч каде Мартин Шутески постигна хет-трик за домашниот тим, а третиот гол беше дело на Далибор Тодоровски. За гостите Киранџиќ и Недељковиќ беа стрелци.

Во меч со седум погодоци Фортуна на домашен терен беше поразена од Риниа (3:4). Гостите до триумф стигнаа до преку пресврт, откако на полувреме имаа негатива од 2:1. Садри погоди за 1:0, а Хајрули за 1:1 по единаесет минути игра. Во 30. минута Муртезани погоди за 2:1.

Во вториот дел Маслани постигна гол за 3:1 во 56. минута, а само една минута подоцна Јусифи погоди за 3:2. Веднаш потоа Еркан Хајрули со два брзи гола во 62. и 66. минута погоди за конечни 3:4.

Лидерот Башкими се намачи во дуелот со ССК Нова, кој го доби со минимални 0:1 со голот на Егзон Азири во 72. минута од мечот, па со тоа и потешко од очекуваното ја оправда улогата на фаворити и на своето конто впиша три многу важни бодови.

Беса Влазрими на домашен терен со 2:1 преку пресврт го доби натпреварот со Маџари Солидарност. Гостите имаа водство на полувреме со голот на Христи Мицевски во 34. минута. Во вториот дел Локман Шабани погоди за 1:1 во 53. минута, а десет минути подоцна Шуајб Бајрами погоди за конечни 2:1.

Куманово на домашен терен покажа моќ и го декласираше Илинден со 4:0, а трите погодоци ба дело на Христијан Благоевски, додека пак во листата на стрелци со еден гол се запиша Кристијан Златковски.

Натпреварот помеѓу некогашниот прволигаш Еуромилк и Волково не се одигра, бидејќи екипата на Волково се откажа од натпреварувањето.

Лидер на табелата е Башкими со 58 бодови, БВК Коњаре е втор со 55 бодови, а пак Фортуна со 41 бод е трета.