Уште едно заминување од Воска Спорт, Љупче Трпески кариерата ја продолжува во нов клуб!

Уште еден играч си заминува од охридскиот прволигаш Воска Спорт, што се случува со дебитантот во Првата лига кој играше и историско финале од Купот на Македонија? Еден по еден заминуваат играчи, ќе има ли реорганизација во екипата и соодветни засилувања за клубот да остане во Првата лига во следната сезона?

Искусниот Љупче Трпески си заминува од Воска Спорт после две години и седум месеци престој во овој клуб, со што Воска Спорт останува без важен играч за следната сезона.

Претходно од клубот си замина голманот Костадин Захов, Ардит Иљази, Никола Стијеповиќ, Ален Јашароски и Фатјон Јусуфи за што веќе објави телевизија М Нет.

29-годишниот Трпески во својата кариера има настапувано за Пелистер, Царев Двор од Ресен, Струга, Кораб од Дебар, Охрид и последно Воска Спорт.

Пред заминување е и тренерот Срѓан Захариевски, а дали ќе има комплетен ремонт во тимот на Воска Спорт останува да видиме, но не се исклучува можност клубот да се потпира и на млади играчи во текот на следната сезона од Првата лига.

Во дебитанската сезона екипата на Воска Спорт заврши на деветтото место со освоени 42 бодови на своето конто.

Александар Ванев, М-Нет