Уште еден играч си замина од Брегалница, Илија Донов е нов играч на Силекс!

Уште еден играч си замина од веќе новиот второлигаш Брегалница, откако Илија Донов премина во редовите на Силекс и во следната сезона ќе го носи дресот на кратовскиот прволигаш.

Младиот дефанзивец е второ засилување во Силекс откако претходно во Кратово пристигна Дарко Додев. Во својата кариера 22-годишникот настапуваше за Брера Струмица, Каменица Саса и Вардар од Неготино.

Претходно од Брегалница си замина Михаил Маневски кој кариерата ја продолжува во Тиквеш, а од Брегалница исто така си замина и Ѓорѓи Ѓорѓиев, кој во пакет со Маневски го засили Тиквеш, кој подготвува квалитетен тим за следната сезона во Првата лига и излезот во Европа.

Брегалница оваа сезона како последнопласирана испадна од Првата во Втората лига каде што ќе води борба за експрено враќање во фудбалската елита на Македонија за следната сезона.

Александар Ванев, М-Нет