Радовиш и Еурофарм Пелистер 2 баражот ќе го одиграат во Автокоманда

ФОТО: Телевизија М Нет

Во недела од 16 часот ќе се одигра бараж натпреварот за Суперлигата меѓу Радовиш и Еурофарм Пелистер 2. Натреварот ќе се одигра во салата во Автокоманда во Скопје.

Со овој бараж натпревар ќе го имаме конечниот изглед на ракометната Суперлига за следната сезона. Младите пелистерци ќе се борат да го сочуваат суперлигашкиот статут, додека пак радовишани по една сезона во Првата лига ќе се борат експресно да се вратат во ракометната елита на Македонија.

Еурофарм Пелистер 2 заврши на третото место во плеј-аутот од Суперлигата и преку бараж ќе го бара опстанокот во друштвото на најдобрите, додека пак Радовиш заврши на второто место во Првата лига и преку бараж ќе има можност да се врати во ракометната елита на Македонија.

Од ракометната елита испаднаа екипите на Аеродром, Скопје, Голден Арт, Мулти Есенс и Вардар од Неготино, додека пак екипата на Бисинов се пласираше во Суперлигата и за првпат ќе игра во ракометната елита на Македонија.

Александар Ванев, М-Нет