Уште еден автомобил во пламен во Штип

Вчера во СВР Штип, К.Н.(50) од Штип пријавил дека претходната ноќ   настанал пожар во патнички автомобил „фолксваген венто“ паркиран на ул.„Васил Доганџиски“ во Штип. Пожарот бил изгаснат. Увид извршила екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.

Ова е 24-то опожарено возило во период од една година во регионот на СВР Штип. Полицијата смета дека причината за пожарите на најголем дел од возилата е пресметка помеѓу криминални групи.