Препораката на ФФМ за одложување на Првенствата се почитува, а за тренажниот процес целосен молк

Со цел да се спречат несакани последици околу здравјето и на играчите и на гледачите Фудбалската Федерација на Македонија на предлог на Владата упати препорака за привремен прекин на првенствата. Сите фудбалски натпревари се одложени на неодредено време а за тоа време екипите редовно го одржуваат тренажниот процес. Денес го консултиравме шефот на Стручниот штаб на Кит Го, Емил Грнев за тоа дали имат сознание како да тече тренажниот процес во услови на прекинато првенство. Коментарот на Емил Грнев е дека денес се одржал редовен тренинг во Пехчево по што следуваат викенд слободни два дена за играчкиот кадар. Според мислењето на Емил Грнев раководството на Кит Го се придржува кон упатствата за превентива и за заштита од вирусот, но се очекува во понеделник да добијат нови инструкции од „куќата на фудбалот“ како понатаму, односно дали ќе има прекин и на тренажниот процес. Ова е сериозна тема за која никој досега ништо не коментира. Во услови на светска криза редно е и фудбалерите да го знаат и да го заштитат својот статус и своето здравје , вака останува тие самите да се снаоѓаат и да се самозаштитат како знаат и умеат.

Драги Герасимов – Пушка