Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски информира дека утре ќе има ново авионско прскање против комарци, а од 23 до 26 август се најавува и терестична дезинсекција.
„Утрово, на подрачјето на градот Скопје, беше спроведен уште еден авионски третман против комарци, вкупно 14-та дезинсекција во текот на оваа сезона.
Со засилено темпо продолжуваме и во наредните денови.
Активностите продолжуваат и утре во раните утрински часови со нов авионски третман, а издадов налози во периодот од 23 до 26 август да се спроведе и терестична дезинсекција на подрачјето на градот“, најави Ѓорѓиевски.
Сите активности, како што вели се реализираат плански и системски, согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје, а одобрен од надлежните здравствени власти и европската регулатива.
„Во изминатиот период континуирано се спроведуваа третмани и против ларвите и комарците.
До крајот на сезоната ќе бидат реализирани повеќе од 20 третмани против комарци.
Овие бројки најдобро покажуваат дека дезинсекцијата е континуиран процес кој го спроведуваме навремено, организирано и согласно однапред утврдена динамика.
Затоа продолжуваме одговорно, системски и со засилено темпо да ги преземаме сите неопходни мерки за заштита на јавното здравје и поквалитетно секојдневие за скопјани“.
Текстот Утрoво спроведено 14 прскање против комарци, Ѓорѓиевски најавува дезинсекција од земја од 23 до 26 август е превземен од МАКФАКС.