Утрово, во раните утрински часови, беше спроведена десеттата фаза од дезинсекцијата против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, информира скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
Активностите, како што најави продолжуваат и утре, согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје.
„Во изминатиот период беа реализирани повеќе третмани за сузбивање на ларвите и возрасните форми на комарци“, информира тој.
Наредната недела, според соопштеното ќе се спроведе и теренска дезинсекција од земја, со цел дополнително сузбивање на комарците и заштита на здравјето и благосостојбата на граѓаните.
„Продолжуваме одговорно, навремено и системски да работиме на заштита на јавното здравје и подобар квалитет на живот за граѓаните“.
Текстот (Видео) Утрово спроведена нова фаза од дезинсекција против комарци во Градот Скопје е превземен од МАКФАКС.