
Мартин Серафимов е ново засилување на Еурофарм Пелистер, а тој откри дека една од неговите желби била во кариерата да дојде во Битола и да заигра за Еурофарм Пелистер, притоа надополни дека Лино Червар го гледал како Бог и како татко на ракометот.
„Нема да лажам, Еурофарм Пелистер и Битола беше една од моите желби да играм во мојата кариера. Во Битола досега доаѓав како противник и атмосферата овде е одлична, одвај чекам да влезам на теренот и да играм. Можам да гарантирам дека ќе го оставаме срцето на терен. Тука се исто така мои репрезентативни колеги со кои добро се познавам, има засилувања од странство се запознаваме и карактерно и ракометно. Лино Червар го знам уште како дете уште од моите почетоци во Металург. Сум го гледал како Бог и како татко на ракометот, знам дека од него можам уште многу да научам и се надевам дека ќе имам голем придонес за тимот“, изјави новото засилување.
Во новата сезона Еурофарм Пелистер ќе цели на шампионска титула во домашниот шампион, атак на Куп титулата, но го очекува и предизвици во Лига Европа и Регионалната лига.
Александар Ванев, М-Нет