Утринава почина Зоран Лазов меѓу штипјани познат како Бонавена




Утринава почина Зоран Лазов меѓу штипјани познат како Бонавена. Тој беше голем активист, поддржувач на спортот, постојано на спортските тренери. Го одржуваше и фудбалскиот клуб Бело Брдо. Последниот период не беше во добра здравствена состојба, се до утринава кога и почина. Погребот е во вторник, 25 февруари, 2025 година во 12 часот на градските гробишта во Штип.