
Овој викенд беа одиграни натпреварите од 6. коло на плеј-офот на женската ракометна Суперлига, каде Астибо од Штип загуби на тешкото гостување од екипата на Металург Автокоманда со резултат од 35:18.
Стандардно најдобра во редовите на Астибо беше Марија Анчева која постигна девет погодоци, додека кај Металург се истакна Стефани Ристиќ со пет реализации.
На втор триумф во низа во плеј-офот се израдува и тимот на Куманово откако со 26:22 славеше над Вардар, во меч каде Сузана Зечевиќ постигна девет погодоци, а толку имаше и Леона Миленковска кај Вардар.
Дербито на колото го одиграа Чаир и шампионот Ѓорче Петров, каде „лавиците“ забележаа уште една победа во нивната победничка низа со резултат од 30:32.
Ова беше меч каде беа постигнати голем број на погодоци Теодора Гулицоска имаше 12 погоди кај Чаир, додека кај „лавиците“ Ивана Дежиќ постигна 17 погодоци, од кои пет беа од седум метри.
На врвот од табелата е шампионот Ѓорче Петров со максимални 13 бодови, Чаир е втор со девет бода, а толку има и Металург Автокоманда кој е трет. На четврттото место е Куманово со пет бодови, Вардар е петти со три бодови, а пак Астибо е последен без бодови.
Александар Ванев, М-Нет