
Утре со почеток во 12:00 часот во „Куќата на фудбалот“ ќе се одржи ждрепката за бараж натпреварите за влез/опстанок во Втората лига за сезоната 2025/26.
Во ждрепката ќе учествуваат Осогово од Втората лига и петте шампиони од Третата лига. Шкендија Арачиново од Трета лига Север, Слога Виница – Исток, Големо Коњари – Југ, Преспа – Југозапад и Тетекс – Запад. По завршувањето на ждрепката ќе се утврди термин и локации за одигрувањето на бараж натпреварите.