
Месец мај ќе го испратиме под облаци. Според метеоролозите, до крајот на месецот ќе преовладува нестабилно и врнежливо време, особено на истокот од земјата, каде што се очекуваат поројни дождови проследени со грмежи. Синоптичарот Ленче Ризова за М-Нет телевизија истакна дека речиси секој ден врнежите ќе бидат застапени во попладневните часови.
Иако врнежите ќе бидат чести, сепак во поглед на температурите синоптичарите велат дека нема да има опаѓање. Истите ќе се движат од 21 до 29 степени
Инаку, индексот на квалитетот на воздухо за сега изнесува 25 ниво Просечно, што значи дека Квалитетот на воздухот е генерално прифатлив за повеќето лица. Меѓутоа, чувствителните групи пак може да имаат мали или умерени симптоми како последица на долгорочната изложеност.
Иван Митев, М-Нет