Младинките на ОК „УГД Студент“ се пласираа во осминафиналето на Државното првенство

Третиот и последен турнир во рамките на Младинското првенство во одбојка за жени се одржа во Куманово. Штипските одбојкарки членови на УГД Студент беа мошне успешни и оствароија две победи. Најпрвин ја победија екипата на Весна Пробиштип со резултат 2:1 или по сетови ( 25:22) ( 10:25) (15:10). Во вториот натпревар тие ја победија екипата на Куманово со резултат 2:0 или по сетови ( 25:22) (25:18). Со ова штипските девојки го освоија првото место во групата и се пласираа во осмина – финалето на Државното првенство во кое ќе се одигра само еден натпревар и тоа домакин ќе биде екипата на УГД Студент во Штип.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk