Утре се игра вонредното 11. коло во Втора лига – нови возбудувања за освојување на бодови!

Утре ќе бидат одиграни натпреварите од вонредното 11. коло во Втората македонска фудбалска лига, натпревари кои носат нова доза возбудувања во обид екипите да дојдат до нови бодови.

Брегалница после ремито на домашен терен ќе гостува во Виница каде ќе бара победа против Слога, која остана без првотимците, но покажа дека и со млади сили може до бодови, па така освои бод во Неготино откако одигра 2:2 со Вардар во претходното коло. Трите бодови се цел и за двете екипи, кои имаат притисок за да ги освојат истите, Брегалница за да се врати на врвот, Слога Виница во битката за опстанок.

Лидерот Шкендија Арачиново на домашен терен ќе се соочи со екипата на Кожуф во дуел каде гостинот од Гевгелија го очекува тешко гостување против домаќинот Шкендија, кој е во одлична форма и ќе бара нови три бодови.

Во Кочани се очекува неизвесен дуел на Осогово и Победа во обид и на двете екипи да дојдат до три бодови, откако во претходното коло забележаа порази.

Охрид како фаворит на домашен терен ќе се соочи со Тетекс, а „рибарите“ ќе сакаат фаворитската улога да ја оправдаат со освојување на трите бодови и следење на чекорот со лидерот од Арачиново.

Големо Коњари после големиот пораз на гостински терен од Новаци, ќе бара рехабилитација против Каменица Саса пред својата публика. „Рударите“ ќе бараат начин како да се вратат на победничките патеки.

Скопје како фаворит на домашен терен ќе се соочи со Преспа, а пак Беласица исто така во улога на фаворит ќе го пречека тимот на Вардар од Неготино.

Неизвесен натпревар ќе има во Радовиш каде се среќаваат екипите на Детонит Плачковица и Новаци, две екипи кои играат во одлична форма во можеби најинтересниот натпревар во рамки на 11. коло. Трите бодови од овој натпревар може да направат промени на табелата и за двете екипи да прогресираат, но и во однос на останатите екипи.

Александар Ванев, М-Нет