
Трите одложени натпревари во Трета лига – Исток беа одиграни со што го имаме конечниот изглед на самата табела по осум кола.
Всушност од овие три натпревари еден одново не беше одигран. Мечот од 6. коло меѓу Победа Валандово и Дојранско Езеро одново се не одигра бидејќи гостинот од Дојран не допатува во Валандово, па така тимот од Валандово добива службени три бода со службен резултат од 3:0.
Натпреварот од 7. коло кое всушност беше дерби меѓу Хоризонт Турново и Победа Валандово заврши без победник со шест гола за делба на бодовите, двете екипи одиграа 3:3.
Мечот од 8. коло меѓу Брегалница Делчево и Тиверија заврши со победа за тимот од Струмица со резултат од 0:2.
Во однос на самата табела на врвот е Победа Валандово со 19 бодови, како единствен тим кој не е поразен, втор е Ударник со 16 бодови, а пак на делба на третото место се Хоризонт Турново и Овче Поле со по 13 бодови. На 5. место е Карбинци со 12 бодови, а пак Брегалница Делчево е шеста со 11 бодови.
Рудар од Пробиштип е на седмото место со осум бодови, Тиверија е осма со седум бодови, па следува Малеш и Дојранско Езеро за делба на деветтото место со по четири бодови, а на дното е Светлост од Зрновци со три бодови.
Александар Ванев, М-Нет